Продолжува реализација на проектот „Дополнителни работи на зафат и довод на вода на водоснабдителен систем Станечка Река и доопремување на филтер станица за вода за пиење“

Во тек е реализацијата на проектот „Дополнителни работи на зафат и довод на вода на водоснабдителен систем Станечка Река и доопремување на филтер станица за вода за пиење“ во рамките на кој е предвидена санација и доградба на зафатот и цевководот и целосно опремување на фабриката за вода.

Градежните работи, опремата за филтрите и за лабораторијата, како и поврзувањето на електро мрежата е со вредност од околу 120 000,00 евра. Изведувач на работите е фирмата „Конструктор“ Скопје, надзор на работите е ЗИМ-Скопје, а инвестицијата се реализира во рамките на проектот за „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ на Владата на РМ и Општина Крива Паланка.

Досега е извршена целосна реконструкција на зафатот на Станечка Река и тоа:

-Изградени се габиони од камен во челична мрежа за усмерување на водата во зафатот;

-Изграден е нов армирано –бетонски ѕид како составен дел на тиролскиот зафат;

-Извршена е санација на порано изведени објекти од самиот зафат и тоа: базени, преливни шахти и други елементи;

На локалитетот каде е фабриката за вода извршена е доградба, санација и поврзување на постоечки резервоар во системот за водоснабдување со потребните фасонски елементи. Овде изградбата продолжува со понатамошно градење на потребните шахти и други објекти за поврзување на фабриката за вода во водоснабдителниот систем, а потоа ќе се започне и со полнење на филтрите и опремување на лабораторијата за испитување на водата.

Големина на фонт
Контраст