Писмо со благодарност од Градот Свидник во Република Словачка

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> По неодамнешната посета на Градот Свидник во Република Словачка и по упатеното писмо со благодарност од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, неговиот словачки колега Јан Холодњак упати повратно писмо со следната содржина:

Почитуван Градоначалник Арсенчо Алексовски, почитувана Делегација,

Почестени сме што Ве пречекавме во нашиот град и сме многу задоволни што се запознавме со Вас.

Ние веруваме дека нашата прва средба е почеток на едно убаво и силно пријателство меѓу нас и нашите граѓани.

Ви благодариме за вашето писмо, почестени сме и Ви се заблагодаруваме за поканата да присуствуваме на вашиот фестивал.

Градоначалникот на Свидник Јан Холодњак изразува длабока почит и големи очекувања за соработка.

Ние со нетрпение очекуваме развој на понатамошната соработка.

Со почит

Град Свидник, Република Словачка

М-р Кристина Чирова

 

Писмо од градоначалникот Алексовски до неговиот словачки колега Јан Холодњак


Големина на фонт
Контраст