Во Крива Паланка одржан инфо ден за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Североисточниот плански регион

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Во големата сала на Општина Крива Паланка, на 2 јуни, се одржа инфо ден на кој беше претставен ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, што го спроведуваат Североисточниот плански регион и УСАИД, во рамки на програмата за експанзија на мали бизниси. На инфо денот, на кој присуствуваа претставници од граѓанскиот , јавниот и приватниот сектор, градоначалникот Арсенчо Алексовски даде поддршка на проектот, кој го презентираа прокетниот координатор Данијела Трајковиќ и раководителот на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, Младен Протиќ.

Овој проект подразбира воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Североисточниот регион, а основна цел е подобрување на условите и квалитетот на живот на населението од руралните средини. Жителите од Североисточниот регион ќе се организираат според територијалниот принцип и ќе формираат два микро региона преку кои заеднички ќе го креираат економскиот развој во руралните средини. Во рамките на двата микро региони ќе бидат опфатени општините Куманово-Липково-Старо Нагоричане и Кратово-Ранковце-Крива Паланка и тие ќе претставуваат Локални акциони групи(ЛАГ), каде заеднички ќе се иницираат бизнис идеи и ќе се спроведуваат проекти за експанзија на мали бизниси. Притоа, приватниот, односно граѓанскиот сектор, ќе имаат одлучувачка улога во сите активности, со 51%, со поддршка од локалните самоуправи и другите институции.

Според проектниот координатор Трајковиќ, целта на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот е да се идентификуваат и искористат локалните капацитети, да се поврзе локалното население и да се формира јадро, кое преку ЛАГ-овите ќе биде носител на економскиот развој во руралните средини. Бенефитите се што токму локалните жители ќе ја носат развојната стратегија и ќе одлучуваат за проектите, распределбата и управувањето со финансиските средства.

Раководителот на Североисточниот плански регион Протиќ подвлече дека нашиот регион, пред се, треба да ги искористи предностите за развој на руралниот туризам, уредување на велосипедски патеки, брендирање на земјоделски еколошки производи, формирање на мрежа за развој на овоштарството и пчеларството, искористување на шумското богатство на чаеви и печурки и слично.

ЛАГ-овите треба да бидат регистрирани во рок од една година и да изготват развојна стратегија, по што ќе може да аплицираат за добивање на грантови. Засега ќе ги користат донациите од УСАИД и државните институции, а по акредитирање на Македонија за мерката 202 од ЕУ ЛЕАДЕР пристапот ќе им бидат достапни и европските фондови од оваа програма.

Големина на фонт
Контраст