Посета на градот Свидник во Република Словачка

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Делегација на општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски, на покана на градоначалникот на општина Свидник инг. Јан Холодњак, во периодот од 22 до 25 мај 2014 година оствари посета на овој словачки град.

[embpicasa id=”6018409386084309457″]

Општина Крива Паланка заинтересираноста за збратимување со некој град од Република Словачка ја презентираше пред Амбасадорот на Република Словачка во Р. Македонија, г.Мартин Безак, кога беше истакната иницијативата за соработка и заедничка имплементација на проекти од ЕУ фондовите со град од Р. Словачка.

Од страна на Амбасадорот беа преземени активности во овој поглед и набргу по одржаниот состанок ја извести Општината дека постои заинтересираност од градот Свидник за збратимување. Градот Свидник е многу сличен по географска експозиција, број на жители и други особености со Крива Паланка.

Потоа следуваше официјалната покана од страна на Градоначалникот на Свидник инг. Јан Холоднак за Русинскиот фестивал кој се одржува во оваа општина и остварување на посетата. Главна цел на посетата беше запознавање и утврдување на полињата на соработка како и започнување на постапката за соработка.

Како кај нашите белгиски браќа во Самбревил, така и во Свидник на општинската зграда покрај останатите знамиња се вееше и македонското знаме, беше употребувано нашето уставно име Република Македонија, накратко кажано беше организиран достоен и респектабилен прием.

На приемот во кабинетот на Градоначалникот Холодњак , по првичното запознавање беше дискутирано за полињата на кои ќе биде воспоставена соработката, односно културата, спортот, уметноста, можностите за соработка на економски план, како и искористување на ресурсите кои ги нуди ЕУ.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Алексовски на својот колега му подари пригодни поклони односно Грбот на Општината Крива Паланка и слика со мотив на Мајка Тереза, а возратно прими поклони со мотиви од градот Свидник.

Прекрасно организираната агенда опфати посета на бројни културни настани и тоа театарски претстави, музички концерти, како и центарлниот настан на Русинскиот Фестивал односно проследување на прекрасните изведбите на фолклорните друштва и националниот ансамбл на Република Словачка. Беа посетени и споменикот Дукла и останати споменици кои потсетуваат на жртвите од војната, потоа црквите кои се наоѓаат во градот и околината, а како особено интересна која привлекува внимание беше црквата изградена целосно од дрво. Беше посетен и Русинскиот музеј, како и музејот посветен на стаклото во соседниот полски град Кросно.

Пред завршувањето на посетата Градоначалниците взаемно договорија во најскоро време да ја отпочнат постапката за забратимување, односно од страна на Советите на општините да бидат донесени Одлуки за збратимување, по што ќе следува и официјалното потпишување на документот за збратимување и почеток на реализација на соработката. Исто така беше упатена и покана за присуство на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка од страна на фолклорна група на градот Свидник, како и за делегација на Општината Свидник.

Посетата на градот Свидник претставува успешен чекор на ширење на пријателствата на Крива Паланка со градови од Европа, а со тоа и за приближување на Р.Македонија кон Европа.

Големина на фонт
Контраст