Атлетски крос – за основните и средното училиште 2014 година

Во организација на општина Крива Паланка и воспитно-образовните институции се одржа традиционалниот Атлетски крос – за основните и средното училиште . На оваа спортска манифестација учествуваа околу 680 натпреварувачи од општинските основни училишта „Јоаким Крчовски” и „Илинден”, како и 150 средношколци од СОУ „Ѓорче Петров”.

Најдобрите ќе учествуваат на националните крос-натпревари кои ќе се организираат по правилата на ФУСМ и АФМ. Организаторот и воедно покровител на оваа спортска манифестација, Општината Крива Паланка со градоначалникот Арсенчо Алексовски, на најуспешните по категории им врачи медали, благодарници и утешни награди.

Големина на фонт
Контраст