Со Меморандум за соработка фирмата „Индо минерали и метали“ ќе помага во развој на општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка и фирмата „Индо минерали и метали“, која е сопственик на рудниците за олово и цинк „Злетово“ кај Пробиштип и  „Тораница“ во Крива Паланка денес потпишаа меѓусебен меморандум за соработка на полето на културата, спортот, образованието и заштита на животната средина.

Според  директорот на Индо минерали, Марк Брајант, фирмата во наредниот период ќе донира финансиски средства за поддршка и развој на општината во повеќе сфери од живеењето.

Целта на Меморандумот е преку взаемно разбирање, соработка и помош да се изврши остварување, унапредување, промоција, подршка за развој и остварување на програмите и активностите на договорните страни на полето на културата, преку финансиска и друг вид на помош во реализацијата на општинските културните активности и настани,  во областа на спортот и младите претставено преку финансиска и друг вид на помош во реализацијата на општинските спортски активности и настани, соработка на полето на заштита на животната средина и унапредување на квалитетот на животот, и на полето на образованието претставено преку стипендирање на ученици-средношколци и студенти од страна на „Индо минерали и метали “ кои ќе учат односно студираат во областа на рударството и други области поврзани со предметот на работење на давателот на стипендијата.

Финансиската рамка за остварување на целите и активностите утврдени со овој меморандум е определена со претходно меѓусебно координирање на договорните страни, а износот на финансиската рамка за 2014 година е 40.000 aмерикански долари во денарска противвредност со важност на Меморандумот од една година.

Големина на фонт
Контраст