Руралната младина ја обединува Европа

Во периодот 25.02 – 05.03.2014 година, Крива Паланка беше домаќин на интернационална тренинг сесија на тема „Руралната младина ја обединува Европа“, во организација на Здружението Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка. Истата е составен дел на истоимениот проект кој го имплементира Здружението ЕГРИ во рамки на Програмата Млади во акција финансиски поддржана од Извршната Агенција за Образование, Аудиовизуелизација и Култура при Европската Комисија со седиште во Брисел.

На работилницата учество земаа 30 партиципанти од партнерски организации од 15 различни европски држави  (Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Словенија, Велс, Италија, Турција, Франција, Португалија, Ерменија , Азербејџан и домаќинот Македонија) кои водени од млади македонски модератори ја разработија темата на Европското граѓанство со фокус на младите од руралните средини.

Во текот на работилницата имаа можност да остварат директни средби со локалните граѓани од Крива Паланка и да се запознаат со нивниот начин на живеење, потешкотии на кои наидуваат и нивните потреби. Сето тоа го искористија како материјал со кој понудија свои видувања и идеи како да се подобри квалитетот на живеење на младите луѓе од Крива Паланка. За време на 8-дневниот престој гостите имаа можност да го посетат манастирот Св.Јоаким Осоговски, Градскиот музеј , но и главниот град  Скопје.

Сесијата финишираше со завршна конференција, каде групите од учесниците ги презентираше резултатите од својата работа во присуство на Градоначалникот на општина Крива Паланка, претставници на локаланите образовни и културни институции, локалните НВОа и граѓаните од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст