Промовирана пишаната оставина на македонскиот ревулуционер Павел Шатев

Во Градскиот музеј на Крива Паланка вчера беа  промовирани деветте тома од пишаната оставина на македонскиот револуционер Павел Шатев кои неодамна ги објавија Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ и Државниот архив на Република Македонија.

[embpicasa id=”5979829980255145297″]

Деветте тома „Историја на Македонија“, „Борис Сарафов – биографија“, „Спомени“, „Полициско досие (досие УДБА)“, „Записи за нацијата и државата“, „Македонија и балканскиот проблем“, „Македонија под ропство“, „Документи“ и „Заточението во Сахара – Фезан“,  ги претставија проф. д-р Зоран Тодоровски, Предраг Димитровски, Нове Цветаноски и Науме Георгиевски.
Истовремено во галерискиот простор на Градскиот музеј беше отворена изложбата „Павел Шатев ( 1882 – 1951), живот посветен на Македонија“, како гостувачка изложба на Музејот на  град Кратово. Изложбата ја отвори директорот на Музејот на град Кратово, м-р Драган Георгиевски.

Големина на фонт
Контраст