Програма ИПАРД 2007-2013

На ден 10.12.2009 год. во општинската сала се одржа презентација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 .Презентери на програмата беа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставник од Агенцијата за подршка и развој на земјоделието кои на присатните детално им ја објаснија Програмата за развој на земјоделството и рурален развој 2007-2013 за спроведување на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој (ИПАРД).
 Презентацијата предизвика голем интерес кај локалното неселение. Присутните  имаа можност да упатат  голем број на прашања до презентерите.

За сите потребни информации поврзани со програмата  ИПАРД 2007 – 2013 можете да се обратите до Агенцијата за подршка и развој на земјоделието – Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст