Комисијата за избор на кривопаланечки сувенир

Комисијата за избор на кривопаланечки сувенир ја одржа својата 2-ра седница. На седницита во присуство на сите членови, комисијата констатираше дека на конкурсот за избор на кривопаланечки сувенир од денот на отварањето до 30 октомври се пристигнати вкупно 15 решенија.

По ова градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски, кој што воедно е и претседател на комисијата ги отвори пристигнатите решенија.

Комисијата за избор на кривопаланечки сувенир на оваа седница селектираше три решенија на авторите кои што ги задоволуваат критериумите на конкурсот, како и естетските и комерцијалните критериуми применливи при изборот на сувенирот.

Инаку проектот Кривопаланечки сувенир е финансиран од Министерството за култура. Истовремено како дополнување на проектот Амбасадата на кралството Норвешка определи одредена сума, со која што ќе се финансира доуредувањето на просторот за продажба на сувенири во Туристичкиот Инфо Центар во Крива  Паланка, како и за печатење на пропагандни материјали со мотиви од кривопаланечкото културно – историско наследство. Проектот партнерски го иплементираат З.Г Кластер за туризам – Крива Паланка и Општина Крива Паланка.