Ученици од трето одделение го посетија градоначалникот Арсенчо Алексовски

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />


Учениците од трето одделение со одделенската наставничка Јагода Ангелова, денеска го посетија кабинетот на градоначалникот Арсенчо Алексовски,  во рамки на предметот „Запознавање на околината“,  методска единица за општината, каде се изучуваат основните функции на општината  и задолженијата на вработените во локалната самоуправа.
Градоначалникот Арсенчо Алексовски ги запозна со својата работа, а учениците имаа многу прашања на кои градоначалникот со задоволство им одговори.

По повод претстојните новогодишни празници, учениците му подарија на градоначалникот новогодишни украси кои самите ги изработиле, а во иднина ќе ја красат општината.