Започна зимското одржување во општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка заедно со ЈКП „Комуналец“ ги започна активностите околу зимското одржување на локалните улици и патишта за периодот 2013-2014 година. За првпат оваа година чистењето на улиците и локалните патишта е во надлежност на ЈКП „Комуналец“. Првите количини на рилза и индустиска сол беа фрлени во изминатите два дена, а градежната механизација по однапред направен план за кратко време ги расчисти улиците и патиштата во општината. Градежната механизација е во приправност и во зависност од временските услови е подготвена да интервенира на територијата на целата општина.



Големина на фонт
Контраст