Активности за изградба и одржување на комуналната инфраструктура

Општина Крива Паланка продолжи со започнатите градежни активности за изградба и одржување на комуналната инфраструктура низ градот. Деновиве беа поставени два т.н  лежечки полицајци на улицата „8-ми Октомври“, а беа санирани и ударните дупки на влезот од новиот зелен пазар. Во текот  на денешниот и утрешниот ден ќе се работи на замена на оштетената асфалтна коловозна конструкција на улицата „Гоце Делчев“ каде се очекува да бидат заменети и поставен нов асфалтен коловоз од околу 500 м2, а ќе се изврши и вертикална корекција на  шахтите долж целата улица.

Ова е најголема реконструкција на коловозната конструкција на оваа улица  после изградбата од пред повеќе од 25 години. Се очекува градежните активности на овој дел од градот да завршат до средината на наредната недела. Изведувач на градежните активности е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

Големина на фонт
Контраст