Во тек се градежните работи на улицата „8-ми Октомври“

Во текот на изминатите денови  се санираа оштетените асфалтни површини  на улицата „8-ми Октомври“ каде се поставија околу 600 м2 нов асфалт. Улицата на неколку места е проширена, а во текот на утрешниот ден се очекува поставување на  т.н. „лежечки полицајци“ на две локации на истата улица.

Градежните работи продолжуваат согласно динамиката и временските услови,  а  во текот на наредните денови ќе продолжат и на други локации согласно со Програмата за работа на Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура.



Големина на фонт
Контраст