Честитки по повод 8 Октомври, денот на ослободувањето на Крива Паланка

По повод 8 Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка, градоначалник Арсенчо Алексовски прими честитки од своите колеги. Во прилог се писмата од  градоначалникот на Татлису г.А Хајри Орџан, градоначалникот на Млава г.Славомир Ковалевски и градоначалникот на Лугож г. Франсис Болдеа.

Почитувани,

Ви благодариме за поканата за 8-ми Октомври Денот на ослободувањето на Крива Паланка. Сигурни сме дека општина Крива Паланка ќе организира прекрасен настан и сите граѓни на Крива Паланка ќе учествуваат во него.
Ќе беше наше големо задоволство да бидеме со Вас, но веќе имаме претходно организирани обврски и не можеме да дојдеме и да уживаме во прославата со Вас оваа година.  Ве молиме пренесете ги нашите најтопли поздрави до граѓаните на Општина Крива Паланка. Ве молиме пренесете до Вашите жители дека сите жители на Татлису Ви го честитаат Денот на ослободувањето.


Со најдобри  желби


Градоначалник на Татлису
г. А Хајри Орџан

До градоначалник Арсенчо Алексовски

Ви благодарм за поканата за Свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка. За жал не можеме да бидеме со Вас на овој значаен момент од историјата на Вашиот град, поради претходно договорени настани.
Во поглед на настанот – Ден на ослободувањето, би сакал да ги изразам моите најдобри желби за Вашата општина.
Денот на ослободувањето за секој граѓанин е специјален момент, симбол на љубов кон татковината, борбата за слобода, симбол на верба, и над се симбол на победата. Со негување на настаните ја формираме сопствената култура и историја. Ние сакаме заеднички да уживаме во прославата на независност и слобода.
По повод Денот на ослободувањето, Ви посакуваме на Вас Градоначалнику, на вработените, и на сите граѓани на Крива Паланка се најдобро и успешно остварување на целите за иден развој на Вашиот град, регион и целата земја.
Јас сум убеден дека нашата соработка ќе се развие во блиска иднина и ќе донесе придобивки на нашите два града.

Со почит.

Градоначалник на Градот Млава
г.Славомир Ковалевски

Почитуван Градоначалник и пријател

Најпрвин би сакал да Ви се заблагодарам за поканата да присуствуваме на настаните за одбележување на Денот на ослободувањето на Крива Паланка.
Дури и да сакав не можам да присуствувам на прославата, бидеќи во тоа време ќе патувам во САД поради можноста за  реализација на голема инвестиција во Лугож. Иако јас нема да присуствувам, официјална делегација од Лугож, во  чест на вашиот празник и поканата, ќе присуствува на настаните за одбележување на Денот на ослободувањето на Крива Паланка.
За крај би сакал уште еднаш да ве уверам во моето цврсто пријателство и да ви посакам успех во организацијата на настанот.

Градоначалник на Лугож
проф.инг.Францис Болдеа

Големина на фонт
Контраст