Градежни активности за изградба на регулација на Белевски Дол

Во Општина Крива Паланка во изминатиот период интензивно се изведуваат градежни работи околу  изградбата  на регулацијата на Белевски Дол. Се работи  за канализирање на водата  со изградба на канал во должина од 925 метри и ширина од 4.60 метри.

Градежните активности се финансирани од страна на Општина Крива Паланка и Министерството  за заштита на животна средина.Вкупната вредност на градежните работи е околу 6 милиони денари.Во прва фаза  ќе бидат изградени околу 600 метри, а во втрора фаза и останатиот дел.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Дине-Трејд“ од Крива Паланка.


Големина на фонт
Контраст