Претставата „Рима“ на Културниот центар „Акорд“ на театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Петтата фестивалска вечер беше резервирана за  настапот на Културниот центар ,,Акорд“ од Никшиќ со виртуозна изведба на представата „Рима“ работена по текст на Николај Кољада, а во адаптација и режија на Драган Кнежевиќ. Претставата беше вистинско освежување за љубителите на посериозни содржини. Маестралното издание на актерите од „Акорд“ наиде на одличен прием кај домашната публика, која полека со секоја нова претстава го кристализира своето чувство кон театарската уметност.