Започна меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски 2013 година“

Во Крива Паланка започна Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски 2013 година“, која се одржува по 26 пат, а ќе трае до 15 септември годинава. Колонијата се одржува во манстирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски, а оваа година ќе учествуваат 15 ликовни творци од Аргентина, Австралија, Шведска, Украина, Турција, Бугарија, Србија и домаќинот Македонија.

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија во манастирската ликовна галерија ќе биде отворена моморијалната ретроспективна изложба на сликарски дела од покојниот академски сликар Никола Иванов – Балтон, еден од основачите на колонијата, кој покрај професорот и академските сликари Петар Мазев и кривопаланчанецот Димитар Стојчевски ја основаа во далечната 1987 година.

Новосоздадените дела на Колонијата, која годинава е во знакот на проектот „Крива Паланка град на културата за 2013 година“, ќе бидат изложени на 14 септември во манастирскиот комплекс.


Големина на фонт
Контраст