Предлог Стратешки план за локален развој

Предлог Стратешкиот план за Локален развој на Општина Крива Паланка во периодот 2009 – 2014, претставува стратешки документ, кој во себе ги интегрира искуствата од претходно изработените стратешки документи, потенцијалите на расположивите ресурси во Општината, како и актуелните моменти во процесот на децентрализација во Република Македонија.

Целта на оваа стратегија е да се даде здрава и координирана рамка во која би се фокусирал локалниот развој на Општината во наредните 6 години.

Подготовката на Стратешкиот план за локален развој вклучи учество на различни чинители (членови на Советот, граѓани, бизнис заедница, групи на цивилното општество и др.) со цел  одредување на стратешките области на кои треба да се фокусира општината (секторите) и поставување на стратешките цели за секоја од стратешките области, кои ги одразуваат нивните потреби. Партиципативниот пристап беше постојано присутен во процесот на стратешко планирање.

Носител на изработката на Стратешкиот план за локален развој беше работната група формирана од Општината која вклучуваше претставници на Советот на Општината, Градоначалникот со општинскиот раководен тим, државни службеници, претприемачи, НВО, граѓани, медиуми и други релевантни локални експерти.

Работната група беше подпомогната и со надворешни консултанти од Проектот за поддршка на децентрализацијата, проект финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Finnish Consulting Group International.

Почитувани граѓани,

Сите заблешки за Предлог Стратешкиот план за Локален развој на Општина Крива Паланка можете да ги доставите до Душко Арсовски на dusko@krivapalanka.gov.mk  или Валентина Ангеловска на vale_angel2002@yahoo.com