Работилница за уметничка фотографија

Фото Кино Клубот Види од Крива Паланка во соработка со Фото Кино Клубот Козјак од Куманово, организира четвородневна работилница за уметничка фотографија. Работилницата ќе ја водат веќе докажани фотографи кои зад себе имаат бројни награди, дипломи и признанија: Владимир Јовановски – вовед во фотографија, Photoshop cc и Camera RAW8, Дејан Ангеловски – историја и техника, Глигор Максимовски – објективи, Ана Андоновска – композиција, Анита Станишковска – мајстори на фотографија.

Наставата ќе биде комбинирана, теорија и пракса (работа со професионална опрема) и секако СО ПАУЗИ за оброци и освежување.

Предавањата започнуваат 5 јули (петок) 17.00 во големата сала на Градски музеј, Крива Паланка, а завршува во понеделник, 8 јули во 15.00
5 јули – 17.00 – 21.00
6 јули – 08.00 – 20.00
7 јули – 08.00 – 20.00
8 јули – 08.00 – 15.00

Учеството е бесплатно
Повелете

Големина на фонт
Контраст