Концерт на КУД ОСИЈЕК 1862 од Р. Хрватска

Почитувани граѓани,

Во организација на Општина Крива Паланка и Центарот за  култура, на 08 јули 2013 (понеделник) со почеток од 20 часот на плоштадот во Крива Паланка ќе одржи фолклорен концерт едно од најреномираните културно уметнички друштва од Република Хрватска „КУД ОСИЈЕК 1862“.

„КУД ОСИЈЕК 1862“ се одликува со голема традиција, професионалност и многубројни настапи насекаде  низ светот.

Ќе имаме чест и задоволство  да ја проследиме  богатата  кулурно уметничка програма на ансамблот со настап од 47 уметници, кои ќе бидат пропратени со тамбурашки оркестар од 10 лица.

Овој културен настан е дел од многубројните културно уметнички активности во рамки на манифестацијата „КРИВА ПАЛАНКА ГРАД НА КУЛТУРАТА  ЗА 2013“.


Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст