Манифестација ОСОГОВСКО ЕТНО СЕЛО

Манифестација

ОСОГОВСКО

 

ЕТНО СЕЛО

с. Дурачка Река, 29 Август 2009

На  29.08.2009 година во селото Дурачка Река се одржа манифестацијата „Осоговско Етно Село“.
Манифестацијата започна со свечено отварање на локалниот пат с. Дурачка Река – с. Дренак (делница м.в Метоф – м.в Стојанкино).

Понатаму во рамките на манифестацијата беше презентирана традиционална храна од Осоговскиот крај, еко храна и традиционални ракотворби од овој крај. Манифестацијата беше пропратена со богата културно – ументичка програма во изведба на КУД Карпош – Кр. Паланка и Културно уметничко друштво од Дупница Р. Бугарија.

Инаку изградбата на локалниот пат и организацијата на манифестацијата „Осоговско Етно Село“ се двете главни активности во проектот „Да го допреме срцето на Осогово“ кој е финансиран од Европската Унија и кој што општина Крива Паланка успешно го спроведува во изминатите 14 месеци.

Големина на фонт
Контраст