Настап на учесниците на „БАСКЕРФЕСТ“ во Крива Паланка

Во Крива Паланка во сабота со повеќе атрактивни точки настапија дел од учесниците на  Меѓународниот уличен фестивал „БАСКЕРФЕСТ“.

[embpicasa id=”5890713616634216193″]

Артистите на неколку локации во градот изведоа повеќе жонглерски и атрактивни точки на кои посебно се воодушевуваа најмладите кои беа и најмногубројна публика.

Настапот на артистите од БАСКЕРФЕСТ се одржа во рамки на манифестацијата „Крива Паланка – град на културата за 2013“ што ја организираат Општината, Центарот за култура и Градскиот музеј, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

 

Големина на фонт
Контраст