Викенд посветен на традиционалната култура

На 8 и 9 јуни 2013 година се одржа дводневен „Фестивал на традицоналната култура од прекуграничниот регион Ќустендил – Крива Паланка“ во рамките на проектот „Културното наследство на нашите предци – духовен столб на нашата заедничка европска иднина“,од вториот повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка на кој како проектен партнер учествуваше oпштина Крива Паланка. 

[embpicasa id=”5888502189239236321″]

Првиот дел од Фестивалот се одржа на 8. јуни (сабота) 2013 година на Градскиот плоштад во Крива Паланка, при што посетителите имаа можност да проследат богата програма сочинета од:

– Презентација на традиционални детски игри насловена како „Игрите на баба и дедо“ при што беа претставени игрите Игра со конец, Пет камчиња, На бишка, Ашици, Дама, Плочка (Кленџик), Кибритче, Б’з и Прстенче. (Р. Македонија) и Играј здраво, Ритни шапка, Ште ти взема шапката, На кизија, На држави, На пиленца и орел (Р. Бугарија)
– Ревија на традиционална народна носија од пограничниот регион  Крива Паланка – Ќустендил
– Изведба на народни песни и танци

На вториот ден од фестивалот кој се одржа на 9. јуни (недела) 2013 година во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ беше изведена презентација на традиционални јадења  од Крива Паланка и Ќустендил во рамките на којашто домаќинките од пограничниот регион имаа можност да се претстават пред посетителите со своите кулинарски знаења и умеења.

Децата при Драмското Студио на Н.У. Центар за култура – Крива Паланка приредија демонстрација на народниот обичај Прочка/Поклади, додека Фолклорната група „Красота“ и учениците од клубот „Применета уметност и етнографија“ при Петто основно училиште „Христо Ботев“, Ќустендил презентираа Ритуал на замесување на обредно лепче.

Во рамките на дводневниот фестивал посетителите имаа можност одблизу да се запознаат со живата традиција и култура од пограничниот регион Крива Паланка – Ќустендил, да се запознаат со разновидностите како и сличностите во традиционалните вредности од двете страни на границата, а пак децата  (учесници и посетители) преку игра и дружба да го почувствуваат духот на времето на нивните предци.

Во дводенвниот „Фестивал на традицоналната култура од прекуграничниот регион Ќустендил – Крива Паланка“ учество зедоа:

  • Ученици од ООУ „Илинден“, с. Конопница – Крива Паланка
  • Ученици од ООУ „Илинден“, с. Мождивњак – Крива Паланка
  • Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  • КУЗ  „Фолклористи“
  • Клуб на пензионери „Достоинствена старост“ при ОО Црвен Крст – Крива Паланка
  • Ученици од Прво основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, Ќустендил
  • Ученици од Гимназија „Неофит Рилски“, Ќустендил
  • Ученици од Професионална гимназија по туризам „Никола Јонков Вапцаров“
  • Фолклорна група „Красота“ с. Долно Село, со уметнички раководител Миродинка Василева и учениците од клубот „Применета уметност и етнографија“ при Пето основно училиште „Христо Ботев“,  Ќустендил
  • Танчерска група  „Партнери“- Ќустендил
Големина на фонт
Контраст