Учество на учениците од ОУД „Боро Менков“ на Домијада 2013

Со наближување на крајот на учебната година, традиционално и оваа година се одржа средба на учениците, студентите и учениците со посебни образовни потреби, сместени во ученичките и студентските домови од Р.Македонија. Средбата насловена како Домијада 2013 се одржа во Струга.

На Домијадата се организираа активности – спортски натпревари, ликовна колонија како и работилница со тема  „Социјалните мрежи и опасностите кои тие ги носат“.

Учениците од ОУД „Боро Менков“ од Крива Паланка на оваа манифестација учествуваа на ликовната колонија и работилницата заедно со своите воспитувачи-ментори каде ги покажаа своите умешности, се дружеа, соработуваа и се забавуваа заедно со учениците од ученичките домови „Лазар Лазаревски“ Велес, „Мирка Гинова“ Битола, „Свети Наум Охридски“ Македонски Брод и „Партенија Зографски“ Скопје.

Големина на фонт
Контраст