Талкачите ги проталкаа убавините на Осоговските Планини

Минатиот викенд екипата на емисијата „Талкачи“ од Македонската телевизија, во придружба на лиценцираниот планинарски водач Стојанче Величковски, ја посети општината за ди ги покаже и документира познатите и скриените убавини на  Крива Паланка.

Локалитетот Калин Камен, Легената за Калина Мома, Алтан Чешма, најубавата панорамска точка на Осоговските Планини „Царев Врв“, флората, фауната, природните реткости, кутурните знаменитости, легендите и преданијата, Градскиот Музеј, цркавата Свети Димитрија, манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски,  испосничката пештера на Свети Јоаким Осоговски во село Градец, цркавата Свети Теодор Тирон во с. Конопница  ја исполнија агендата на талкачите.

Екипата од МТВ имаше можност, од прва рака, да ги слушне плановите за развој на туризмот од градоначалникот на опшина Крива Планка, г. Арсенчо Алесовски. Членовите на екипата  видно импресионирани си заминаа со ветување дека ќе дојдат повторно за да ги видат Станечките водопади, да ја вкусат традиционаланата храна како и да го овековечат зачуваниот обичај за секојдневната употреба на дурачката народна носија.