Регионален фолклорен фестивал за дечиња од предучилишна возраст

Во рамки на манифестацијата  „Крива Паланка – Град на културата “, на 23.05.2013 (четврток) со почеток во 12.00 часот во новоизградената спортска сала „Петар Поп Арсов“, се одржа Регионален фолклорен фестивал за деца од предучилишна возраст.

[embpicasa id=”5882235283552881729″]

Oрганизатор на фестивалот е ОЈУДГ „Детелинка“  со поддршка на Општина Крива Паланка.  На  фестивалот  учество земаа  деца од детските градинки од Берово, Пробиштип, Кратово, Куманово и Крива Паланка. Покрај директорката Жанета Маџовска, која ги поздрави присутните и го отвори првото издание на Детскиот регионален фолклорен фестивал, на присутните им се обрати и градоначалникот г. Арсенчо Алексовски кој го изрази своето задоволство дека токму Крива Паланка е домаќин на Фестивалот и им посака пријатен претстој на дечињата во нашиот град.

Многубројните присутни гости, родителите  како и вработените во градинките имаа можност да уживаат во веселата детска изведба на познатите македонски народни мелодии.

Големина на фонт
Контраст