Одбележан 9 Мај, Денот на Европа

Со голем број активности и пригодни манифестации Крива Паланка во четвртокот се приклучи во одбележувањето на 9-ти Мај, Денот на Европа. Всушност Европа на 9-ти мај празнува два значајни настана и тоа Шумановата Декларација  од 1950 година и Денот на победата над фашизмот од 1945 година.

[embpicasa id=”5877398503671339953″]

Денот на Европа или Денот на победа против фашизмот, 9-ти Мај е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент.

Отворањето на  инфо точката на ЕУ во општината, беше и првиот настан од богатата програма за одбележување на денот. Официјално  за  отворена инфо точката сместена во општинскиот центар за  услуги ја прогласија градоначалникот Арсенчо Алексовски и амбасадорот на Р. Бугарија во Македонија, г.Иван Петков кој ирази големо задовослтво што е дел од свеченото пуштање во употреба на инфо точката на ЕУ во општината, воедно  изрази и големо задоволство од продлабочувањето на добрососедските односи и соработката и истакна дека Р. Бугарија ни е голем пријател и подржувач на Македонија во нејзините аспирации да биде дел од европското семејство. Градоначалникот Алексовски истакна дека точката  е место каде  граѓаните ќе можат да ги добијат сите информации поврзани со ЕУ со што Унијата ќе ја приближиме до граѓаните  на општината

Програмата продолжи со посета на изложба на  слики на стакло (техника- витраж) во домот за ученици од Крива Паланка „Боро Менков“, изработени од учениците сместени во домот, како дел од прекугранична соработка помеѓу домот за ученици од Крива Паланка и ученичкиот дом од Општина Дупница, Р. Бугарија.

Хепенингот/ Централната манифестација по повод Денот на Европа се одржа на градскиот плоштад со почеток во 12 часот.  На хепенингот  официјално обраќање  имаше градоначалникот Арсенчо Алексовски и амбасадорот на Бугарија во Р. Македонија, г-дин Иван Петков.

На настанот замаа учество претставници од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“, детската градинка „Детелинка“, средношколскиот училишен центар „Ѓорче Петров“ како и повеќе  културно- уметнички друштва.

Настанот опфати промотивни пултови на кои беа претставени Европската унија, Бугарија, Романија, Полска и Белгија со многубројни интерактивни работилници, ликовни активности како и музичка програма. Бројот на дирекни учесници  во културно забавната програма, презентациите и ликовните активности е околу 200 учесници.

На хепенингот претставници на Македонското еколошко друштви (МЕД)  од Скопје на посебен пулт го презентираа проектот  од прекуграничната  соработка „Осогово  во балканскиот зелен појас“  и иницијатива за „Прекуграничен биосферен резерват  Осогово“.

Делегацијата од бугарската амбасада предводена од амбасадорот на Бугарија во Р. Македонија г-дин Иван Петков во присуство на домаќинот градоначалникот Арсенчо Алексовски го посети и проектот финансиран од ЕУ „Културно наследство – мост кон заедничка иднина“  во  Градскиот музеј во Крива Паланка. 

Целиот настан се одвиваше во забавна атмосфера  со сликање, песни, музика, рецитали и интерактивно учество на граѓаните на општина Крива Паланка.

Одбележување на Денот на Европа за нас како општина е предизвик и одговорност за афирмација на најдобрите европски вредности.

Големина на фонт
Контраст