Инфо-точка на ЕУ во Kрива Паланка

Инфо-точка на ЕУ денеска свечено беше пуштена во употреба во Kрива Паланка по повод Денот на Европа, 9 Мај. Иницијативата е на Општина Kрива Паланка и Инфо-центарот на ЕУ, а официјално ја пуштија во употреба градоначалникот Арсенчо Алексовски и амбасадорот на Бугарија во РМ, Иван Петков.

[embpicasa id=”5875969999838875729″]

Со ова Kрива Паланка станува 12-та  Инфо-точка на ЕУ во државата, покрај останатите 11 во други општини, а преку нив граѓаните ќе можат да се информираат за историјата, функционирањето, структурата и другите вредности на европската институција.

Истовремено, на градскиот плоштад се одржа голем европски хепенинг со промотивни пултови на кои беа претставени Европската Унија и земјите-членки Бугарија, Романија, Полска и Белгија.

Големина на фонт
Контраст