Новоформирано здружение Велосипедски клуб “Имбуси“

Во кабинетот на Градоначалникот на општина Крива Паланка се одржа состанок со новоформираното здружение Велосипедски клуб “ИМБУСИ“. На состанокот од страна на претседателот на здружениот Љубомир Маџовски беше презентирана Програмата за 2012/ 2013 година, а исто така беа презентирани и плановите и активностите кои ќе бидат реализирани во наредниот период.

Градоначалникот Алексовски го изрази задоволство за формирањето на здружението, како и подготвеноста на Општината во рамки на своите можности да даде свој придонес кон унапредување и на овој спорт во општината. Конкретен пример за тоа е реализацијата на проектот за изградба на велосипедска патека кој е финансиран од Европски унија.

На состанокот е договорено по целосната изградба и при официјалното пуштање во употреба на велосипедската патека да присуствува и да даде свој придонес и здружението “ИМБУСИ“ со единствена цела за поттикнување и развивање на велосипедизмот како во Крива Паланка така и на државно ниво.


Големина на фонт
Контраст