ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка на Еко самитот во Охрид

ООУ„Јоаким Крчовски“ присуствуваше на ЕКО Самитот кој се одржа во Охрид на 21 и 22 февруари на кој училиштето се здоби со ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ и официјално стана Еко училиште. На овој начин, училиштето се вклучи во Интернационалната  мрежа на Еко училишта, која програма се работи во 55 држави во светот со вкупно 40.921 воспитно-образовни институции од кои наградени со Зелено знаме се 14.208, а во програмата се вклучени 11 милиони ученици и деца.

Оваа интернационална мрежа нуди и поврзување со други еко- училишта на светско ниво, размена на искуства, интернационални проекти, капмањи и иницијативи, студиски посети, интернационални натпревари, препознатливост и популарност на училиштето и други можности.


Големина на фонт
Контраст