Редовна средба на градоначалникот со пензионерите

Градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски оствари редовна средба со претседателството од Здружението на пензионери од Крива Паланка. На состанокот се разговараше за тековните активности и случувања, а се дадоа и сугестии за понатамошното работење и соработка помеѓу градоначалникот и пензионерите.