Студија за валоризација со предлог за формирање заштитен предел – Осоговски Планини

Градоначалникот, г.Арсенчо Алексовски, учествуваше на јавната трибина на тема „Студија за валоризација со предлог за формирање заштитен предел – Осоговски Планини“ со која ќе започне постапка за прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје.

На трибирната, која се одржа на 01.02.2013 во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје,  учествуваше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски.

На трибината беа презентирани резултатите од Студијата, а се разгледаа и дискутираа потенцијалите и можностите за развој на регионот во рамките на предлог заштитеното подрачје.

Студијата е резултат на заедничка работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) со локалните и државните чинители, во рамки на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас”, кој се спроведува од 2007 година.


Големина на фонт
Контраст