Уредување на јавна површина во Крива Паланка

Општина Крива Паланка започна со уредување на просторот со урбана опрема на спојот од улицата Херој Карпош со магистралниот пат. Со уредувањето е предвидено поплочување на делот, изградба на два потпорни ѕида од фугиран камен, поставување на  водоводна и одводна инсталација како и поставување на клупи, фонтана и чешма. Целиот простор ќе биде соодветно осветлен. Инвеститор на овие градежни активности е Општина Крива Паланка.


Големина на фонт
Контраст