Свечено отварање на Општинскиот Центар за Услуги

На 15.06.2009 г. свечено ќе биде отворен ОПШТИНСКИОТ ЦЕНТАР ЗА УСЛУГИ

Проектот ОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА УСЛУГИ е финансиран од ЕУ, раководен од Европската агенција за реконструкција, имплементиран  од  Финиш консалтинг груп-проектот ,, Подршка на процесот на децентрализација“ и Општина Крива Паланка.

Реализираните проектни активности за воспоставување на Општинскиот сервисен центар – едношалтерски принцип на работење се:
1. Реконструкција и адаптација на простор за ОЦУ;
2. Опремување со соодветен  мебел на ОЦУ;
3. Опремување со соодветен хардвер и софтвер на ОЦУ;
4. Соодветна обука за зајакнување на капацитетите на лицата кои ќе работат во ОЦУ ( ги испорачуваат услугите кон граѓаните);

Што претставува Општинскиот центар за услуги

Општинскиот центар за услуги е место каде граѓаните ќе можат да ги поднесат своите писмени и усни  барања за услуги и да ги добијат сите расположиви информации.  Воспоставениот Општински центар за услуги обезбедува движење на документите наместо движење на граѓаните низ општинската зграда, (целта е да се шетат докуметите а не граѓаните).  Обезбедува стандардизирани процедури за општинските услуги, подобра соработка и взаемна доверба помеѓу општинските службеници и граѓаните.
Главната цел со работењето на Општинскиот центар за услуги е подигање на нивото на квалитет и квантитет во испораката на услугите кон граѓаните. Работењето во општината ќе биде на принципот на предна и задна канцеларија, Општинскиот сервисен центар е предната канцеларија а сите други служби во општината ја сочинуваат задната канцеларија (фронт оффице и бацк оффице).

Главни придобивки/предности за граѓаните од воспоставувањето на Општинскиот центар за услуги се:
• Лесен пристап до услугите и информациите од Општината;
• Само една канцеларија во која се поднесуваат барањата и се добиваат одговорите;
• Обезбедува брзи, високо квалитетни/ефективни услуги за граѓаните/ клиентите, обезбедени од персонал кој е добро обучен и опремен;
• Јасни, стандардизирани и транспарентни процедури;
• Брзи реакции во случај на итни/јавни прашања/проблеми;
• Намалување/елиминирање на можноста граѓаните да бидат изложени на можни коруптивни влијанија од администрацијата;
• Зајакнување на довербата и соработката помеѓу граѓаните и општинските службеници;

Воспоставувањето на Општинскиот центар за услуги има предности и за општинска администрација.  Покрај професионалниот и личниот развој на вработените во општинската администрација, тие ќе имаат и придобивки од користењето на јасни, стандардизирани процедури и соодветен софтвер кој вклучува модули за раководење со документите и работниот процес.

Општинскиот центар за услуги од гледна точка на Градоначалникот овозможува да тој : 
• Врши контрола на квалитетот на испораката на услуги на граѓаните;
• Покаже транпарентност и отчетност  во работењето на Општината;
• Добива навремени, редовни и објективни информации за задоволството на граѓаните од општинските услуги, дирекна двонасочна комуникација/ предуслов за креирање на општина која ќе претставува вистински сервис на граѓаните;
• Се подобри управувањето во Општината;
• Се подобрат меѓу- секторските професионални односи и дирекната комуникација  меѓу општинската администрација / лицата,  кои ги обезбедуваат и оние кои ги испорачуваат услугите ( вработените во општинските услужни  центри);
• Се зголеми учеството на граѓаните во креирањето на локалната политика/ јакнење на демократските процеси во локалната заедница;

27.05.2009