Потпишан договор за реконструкција на дел од Градскиот музеј и формирање на Градска Уметничка Галерија

На 10.12.2012 година во Белград од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски и амбасадорот на Кралството Норвешка во Р.Србија г. Нил Рајнар Камсваг беше потпишан Договор за проектот  „Уметност без граници – формирање на Градска Уметничка Галерија“.

Проектот беше поднесен за финанисрање во септември 2012 година, и по неговата финална евалуација и одобрување, делегацијата на општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски и в.д директорот на Градскиот музеј Драган Величковски присуствуваше на свечената академија за потпишување на договорите од Амбасадорскиот фонд за 2012 како и на кратката обука за правилата за имплементација на проектите.


Инаку самиот проект „Уметност без граници – формирање на Градска Уметничка Галерија“ предвидува реконструкција на приземјето на западното крило на Градскиот музеј и негова адаптација во Градска Уметничка Галерија. Во рамките на проектот ќе биде формиран и стручен консултантски тим кој ќе учествува како советодавно тело при формирањето на Галеријата, а во втората половина на проектот кој што е предвиден да трае 12 месеци ќе биде организирана манифестацијата „Лето на култура и уметност“ каде што во новоформираната галерија ќе бидат организирани 16 различни настани кои ќе ја популаризираат културата и уметноста во Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст