Ден на дрвото – Засади ја својата иднина

Ги повикуваме сите граѓани на Општина Крива Паланка на ден 21.11.2012 година да земат учество во десеттата акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина. За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на граѓаните до локациите каде што ќе се пошумува. Граѓаните може да се приклучат на било кој автобус или организирана група и да заминат на било која локација каде што ќе се пошумува.

1. ЗА ЛОКАЦИЈА С.ГРАДЕЦ – ГРАДЕЧКО БРДО

Тргнување во 8.30 часот со 2 минибуси со собирно место на поаѓање во населба Лозаново кај кошот. Ротирање на минибусите е на секои 30 минути.

2 . ЗА ЛОКАЦИЈА МЕЗОВСКИ ЛИВАДИ

Тргнување во 8.30 часот со 3 автобуси со собирно место на поаѓање на Градскиот Плоштад. Ротирање на автобусите е на секои 30 минути.

Последно враќање од сите локации 13.30 часот.

Се препорачува граѓаните да не се задржуваат повеќе од 2 часа на наведените локации.

Со почит.

ОПШТИНА КРИВА ПЛАНКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Арсенчо Алексовски

 


Големина на фонт
Контраст