Учениците сместени во ОУД „Боро Менков“ ќе добијат пријатен и безбеден ученички дом

Со инвестиција од поголем обем на Министерството за образование и наука на Република Македонија, во соработка со Општина Крива Паланка, се менува ликот на ученичкиот дом „Боро Менков“. Во последна фаза се  градежните работи и набавките за реновирање на спалните соби, занималната, ходниците и другите простории.

Во крило „В“ во ученичкиот дом, каде се одвива реконструкцијата на сутеренот, приземјето и првиот кат на домот, набавките се однесуваат на замена на врати, надворешна столарија, како и внатрешна столарија.

На површина од околу 400 m2, во спалните соби на домот, се заменети старите подови со топол и функционален под. Во наредните денови се очекува и замена на подовите во просториите за занимања на учениците. Пуштен е во употреба и системот за парното греење.

Конечниот изглед, по  завршување на овој значаен проект за реконструкција, домот ќе го добие во текот на месец ноември.

 

 

Големина на фонт
Контраст