Покана за промоција на Отчетот на градоначалникот г.Арсенчо Алексовски

На ден 29.10.2012 година во салата при НУ Центар за Култура со почеток во 19.30 часот, градоначалникот на Општина Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски ќе го промовира Отчетот за сработеното од 2009 до 2012 година. За таа цел се покануваат сите граѓани на Крива Паланка кои се заинтересирани да дојдат и да присуствуваат на промоцијата.

На промоцијата на Отчетот на градоначалникот  г.Арсенчо Алексовски ќе присуствуваат носителот на изборната единица 3 и пратеник во Собранието на Р.М, г.Влатко Ѓорчев, пратеникот во Собранието на Р.М, г.Веле Ѓорѓиевски и  други пратеници од Собранието на Република Македонија како и претставници од  други институции.

По извршената промоција, Отчетот ќе биде дистрибуиран до секое домаќинство во општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст