Нов потпорен ѕид на улица Наско Тамбурков

Општина Kрива Паланка ги санира критичните места на оштетените градски улици, каде што постои опасност од загрозување на имотот и на објектите на населението и безбедното одвивање на сообраќајот. Се работи за урнати потпорни ѕидови, како придружни објекти од патната инфраструктура, поради што може да бидат предизвикани нови одрони и оштетувања.

Така во текот на минатата недела  беше изграден потпорен ѕид на улица  „Наско Тамбурков“  со должина од 16 метри и висина на ѕидот од 4.5 метри. Веќе е саниран и потпорниот ѕид во населбата Маневци, со должина од 10 метри и висина од 2,5 метра.

Општината и во наредниот период во рамките на своите можности ќе продолжи со санација и изградба   на потпорни ѕидови на местата  каде што  ќе бидат потребни.

Големина на фонт
Контраст