Градежни активности на локалниот пат кон с.Станци

На локалниот пат кон с.Станци отпочната е изградба на армирано-бетонските потпорни ѕидови согласно основниот проект за изградба на ѕидовите, при што извршен е ископ на земјан материјал и избетонирани се дел од армирано-бетонските темели на потпорните ѕидови, завршени се сите армирано-бетонски цевасти пропусти, во завршна фаза е изградбата на дренажниот канал на локалниот пат и отпочнато е тампонирање на патот со камена дробина  со дебелина 30 см. и при што направено е насипување во должина од 500 метри.

Динамиката на изградбата на локалниот пат се изведува согласно предвидениот динамички план.

 

 

Големина на фонт
Контраст