Одржана седница на Локалниот совет за превенција

Во Големата сала при Општина Крива Паланка беше одржан состанок на Локалниот совет за превенција на тема „Безбедност во училиштата во 2012/2013 година“. Градоначалникот Арсенчо Алексовски ја отвори седницата и истакна дека иако Крива Паланка е мирно место не значи дека на ова поле не треба да се преземаат превентивни активности во поглед на спречување и превенција од насилство.

Од стана на преставникот на секторот за превенција при СВР Куманово, Виолета Богдановска, беше презентиран проектот кој се реализира во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Р.Македониј. Таа истакна дека проектот треба да се одвива на локално ниво со зедничко постапување на сите инволвирани институции. Предложи од Локалниот совет да се формира работна група која ќе утврди и даде препораки и насоки кои ќе бидат предложени на Советот на општина Крива Паланка за нивно усвојување. По усвојувањето на овие насоки истите ќе бидат реализирани во пракса од страна на училиштата од Крива Паланка, а со тоа ќе се реализира и главната цел на проектот-  побезбедна училишна средина.

Од страна на присутните директори на училиштата беше истакнато дека постојат помали несериозни инциденти на насилство кое нешто го потврдува статистиката, но и покрај тоа секогаш треба да се превземаат мерки на превенција за подобрување на состојбата со цел поголема безбедност во училиштата.

Потоа следуваште формирање на работната група која по согледување на состојбата и со кординирани активности ќе достави насоки до Советот за нивно усвојување.

Големина на фонт
Контраст