Одржана обука за управување со лични финансии

Во периодот од 26 до 29 јуни Фондација Евро Центар во соработка со Општина Крива Паланка  реализира две дводневни обуки за управување со лични финансии наменети за администрацијата и вработените во образованието.Обуката е составена од два модули: „Планирај ја својата иднина“ и „Управување со долгови“. Учесниците на обуката  имаа  можност да се запознаат со:

– Семеен буџет, финансиски цели, сезоналност на приходи и расходи;

– Итни трошоци, начини на штедење, крадливци на пари, паметно позајмување;

– Видови на кредити-основица, камата, депозит, провизија, трансакциски трошоци, трошоци на позајмувањето, колкав долг може да си дозволите;

– Планирање на пензија, осигурувања, персонален данок на доход;

– Деликвентност, опасности од презадолженост и неплаќање; повеќе опасности од презадолженост, водење контрола на Вашиот долг ;

– Алатка – Snowballing;

 

Наредниот циклус на обуки ќе се одржи во септември и ќе биде отворен за сите заинтересирани граѓани.

Проектот финансиски е подржан од ФООМ.

Повеќе информации на www.finansiskapismenost.mk

 

Големина на фонт
Контраст