Министерот Јанакиевски во посета на општина Крива Паланка

Mинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски на 20.06.2012 година оствари работна посета на  Општина Крива Паланка. Согласно на агендата, министерот Јанакиевски најпрвин имаше состанок со Градоначалникот на општината Арсенчо Алексовски, на кој се разговараше за различни прашања, посебно за  реализацијата на проектите од областа на инфраструктурата. Министерот беше запознаен со текот на изградба на патот Крива Паланка – с. Станци, кој е финансиран од Светската Банка и неговата изградба веќе е во тек, како и со планираната изградба на патните правци Крива Паланка – населба Скрљава преку Цонев Рид и за патниот правец Крива Паланка – с. Конопница  за кои изведувачот е воведен во работа и се очекува во најскоро време да започне со нивна реализација.

Исто така министерот беше информиран за приоритетните проекти со кои е аплицирано по проектот  „Водоснабдување и одведување на отпадни води“  во рамките на кои за Општина Крива Паланка се предвидени средства во износ од 1.260.000 евра.
 
Министерот беше информиран за проектот кој го реализира општината Крива Паланка по принципот на Јавно приватно партнерство изградба на Административно деловен комплекс -Мала зграда и придобивките кои ги добива општината со негова реализација.
 
Во рамки на посетата Министерот Јанакиевски подели неколку нови Решенија за легализација на бесправно изградени објекти на граѓаните кои ја имаат завршено целокупната постапка околу утврдување на статусот на бесправно изградени објекти. Од страна на барателите кои добија Решенија беше изразена благодарност за можноста после долги години да ги регулираат сопственичките права на своите објекти.
Посетата беше искористена и за обиколка на локацијата на трасата на  патот Крива Паланка – с. Станци во должина од 4.5 километри, а беше остварена и средба со населението од овој крај.
Големина на фонт
Контраст