Средба на градоначалникот со претставници од австрискиот Црвен крст

Градоначалникот Арсенчо Алексовски оствари средба со претставници на Црвениот крст на Австрија и на Македонија, кои престојуваа во општината, во рамките на спроведувањето на проектот „Грижа за стари лица во домашни услови“, кој го реализира ООЦК Крива Паланка.

 
Со проектот, кој се спроведува веќе 9 месеци,  опфатени се 60 стари лица, кои добиваат помош и одредени улсуги од медицински лица и волонтери на Црвениот крст.
 
Средствата за реализација на проектот, кој трае 2 години, се обезбедени од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, а се спроведува во Крива Паланка, Скопје и Велес. Наша цел е одржливост на проектот во соработка со локалните самоуправи, кои понатаму би го презеле  и би го финансирале од општински средства, истакна Катерина Баничевиќ, претставник на Црвениот крст од Австрија.
 
Градоначалникот Алексовски даде целосна подршка на проектот, посочувајќи дека  би требало да се направи план и програма за потребните финансии за да се согледаат можностите за помош од страна на општината.
 
Како локална самоуправа располагаме со скромни и ограничени буџетски средства, а за да планираме понатамошна активност во областа на подршката на старите лица потребно е Црвениот крст да ни достави програма и пресметка за потребните услуги. Како и сите активности, ја подржуваме и оваа активност на Црвениот крст и во рамките на расположивите ресурси ќе настојуваме да изнајдеме  начин за помош на старите, истакна Алексовски
Големина на фонт
Контраст