Сениорките по трет пат шампиони

Пингпонгарките на ППК Крива Паланка по трет пат ја освоија титулата Државни прваци во првата лига за сениорки во сезоната 2011/2012. После одржаниот втор Плеј-оф викендов во Кавадарци каде нашите пингпонгарки извојуваа 2 победи против екипите на Студент-Скопје и Градба промет-Кавадарци ја потврдија својата доминација  во македонскиот женски пинг-понг и по трет пат од постоењето на клубот ја освоија оваа највисока титула.

За нашиот шампион оваа сезона настапуваа Амелиа Уце, Дијана Ристовска и Христина Христовска предводени од тренерот Виорел Уце.

Големина на фонт
Контраст