Општина Крива Паланка на „Радовиш Експо 2012“

Претставници на Општина Крива Паланка присуствуваа на Саемот на региони на Југоисточна Европа што започна вчера во Радовиш, а ќе трае до 9 јуни. Организатори на настанот се Општина Радовиш и Центарот за локален развој (ЦЕЛОР). Претставени се  чeтиринаесет региони од следните земји: Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Грција, Црна Гора, Молдавија, Данска и Македонија.

Целта на саемот е да се интензивира регионалната соработка на стопанско и културно ниво помеѓу земјите учеснички, да се разменат искуства, производи и услуги и воспостават нови мостови за соработка помеѓу регионите на ЈИЕ.

Општина Крива Паланка  се претстави како дел од Североисточниот плански регион со свој промотивен материјал.  

 

 

Големина на фонт
Контраст