Успех на целиот град

Кошаркарките на Крива Паланка се шампиони на Македонија за генерација 1996/1997 година. Tие во прекрасен спортски амбиент на домашен терен стигнаа до својата прва титула кога станува збор за кошарката во било која конкуренција. Дека одлично се работи најдобра потврда е фактот дека во нивните редови е најперспективната македонска млада кошаркарка Драгана Петковска која постигна 35 поени и прифати 23 скокови со што беше убедливо најефикасна на натпреварот и ја заслужи дуплата индивидуална награда на овој Фајнл Фор турнир.

Петковска беше избрана за најдобар стрелец, но и МВП на турнирот. Противникот немаше одговор за нејзината доминација под двата коша, по што домашниот тим на полувреме имаше убедлива предност од плус 21 поен (46-25) и истата рутинирано ја одработи во продоложението. Во борбата за бронзениот медал Јуниор Фруктал ја победи екипата на Ангели со 72-31. Најефикасна во победничката екипа беше Исидора Јовановиќ.

Ведран Белешков (тренер на Крива Паланка): Фактот дека до титулата стигнавме без пораз е потврда дека сме далеку најдобри во оваа конкуренција. Влеговме како фаворити на ова натпреварување и истото го докажавме на теренот.Честитки и за останатите учесници на турнирот: Ангели, Јуниор и Бадел. Ова е голем успех за градот и спортот во Крива Паланка воопшто. Ние ќе продолжиме со напорна работа и верувам дека и во иднина ќе постигнуваме големи успеси.

Крива Паланка: Јовановска 2, Стаменковска, Стоевска, Митровска 10, Петковска 35, Стојчевска2, Ѓоревска 22, Станојковска, Тасевска, Георгиевска, Велиновска

Бадел: Каревска, Цветковиќ, Бикова 10, Тримчевска, Стојчевска, Радевска 9, Ѓорѓиевска 32, Змејковска

 

Извор:  http://sportefe.mk/index.php/2012-03-30-03-58-34/488-2012-05-22-12-32-58

 

 

Големина на фонт
Контраст