Пингпонгарот Станојковски втор на отвореното првенство на Вождовац

Во конкуренција на  44 јуниори од Србија, БиХ и Македонија нашиот пингпонгар Кристијан Станојковски го освои второто место на силниот турнир во Белград „Отворено првенство на Вождовац 2012″. На првенството учествуваа најдобрите играчи од спомнатите земји. Станојковски до финалето оствари 4 убедливи победи, а во финалниот меч во изедначена игра загуби со 2:3 од прворангираниот играч на Србија, Борис Михаиловиќ.

На турнирот во Белград учествуваа 150 играчи во јуниорска и кадетска конкуренција. Од ППК Крива Паланка учество зедоа и 4 кадети, кои прикажаа солидни игри и достојно го презентираа македонскиот пинг-понг.

Големина на фонт
Контраст