Кривопаланечките шампиони на прием кај градоначалникот

Последниве неколку години се наметнува констатацијата за своевидно спортско будење на нашиот град. Влезе свежа крв во веќе постојните клубови, формирани беа и нови и како никогаш досега името на Крива Паланка се поврзуваше со спортски успеси. Токму најновите резултати на кривопаланечките надежи беа повод градоначалникот Арсенчо Алексовски да организира прием, на кој уште еднаш на симболичен начин ја демонстрираше веќе многупати докажаната поддршка.

Во големата сала на општинската зграда дојдоа каратистите, пингпонгарите како и екипата од Основното општинско училиште „Илинден“ која неодамна триумфираше на регионалниот натпревар по Детски семафор. 30-ната спортисти и нивните ментори најпрво ги поздрави градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Со успесите и искуствата на младите кривопаланчани градоначалникот имаше можност да се запознае и од прва рака во неврзан разговор со главните актери на приемот. Секој од нив со своја приказна, материјален доказ за постигнувањето во вид на медал или признание, па дури и со по некој белег и лузна од борбите.

По средбата, Градоначалникот уште еднаш го изрази задоволството од успесите на нашите клубови, воедно апелирајќи до сите оние кои имаат можност, на кој било начин да да им помогнат.